Опасна болест го суши питомиот костен во Македонија
Забележливо е нагло сушење на питомиот костен во Македонија, што придонесе бројот на стебла и приносите да бидат се помали, а од некогашните 7.000 хектари под питом костен, површините се повеќе да се намалуваат, како и густината на костеновите стебла
Во изминативе неколку години, слободно може да се каже и децении, забележливо е нагло сушење на питомиот костен во Македонија, што придонесе бројот на стебла и приносите да бидат се помали, а од некогашните 7.000 хектари под питом костен, површините се повеќе да се намалуваат, како и густината на костеновите стебла. За причините за сушењето на питомиот костен побаравме одговор од професорот Кирил Сотировски, научник што поголемиот дел од своето многугодишно научно истражување му го посветил на овој проблем.
Професоре Сотировски, веќе подолго време кај питомиоткостен забележуваме се повеќе суви стебла или стебла со суви гранки и листови во реонот на Порече, Кичевско и реканскиот крај. Од честите контакти со многу луѓе дознаваме дека состојбата е слична и во другите региони во земјава. Имате ли поконкретни сознанија на што се должи оваа појава?
– За жал, тоа што сте го забележале во неколкуте региони се однесува и на цела Македонија, но и многу пошироко. Се работи за конкретно заболување, кое кај нас е познато како рак на питомиот костен, што е предизвикано од еден патоген вид габичка. Габичката се населува под кората на костенот на места на повреди и брзо се етаблира, уништувајќи ги ткивата на внатрешната кора, камбиумот и флоемот. Co текот на времето таа се проширува од местото на инфекцијата и најчесто, доколку зафати поголем обем од некоја гранка или пак стебло, сите ткива над таа рана угинуваат поради уништувањето на спроводните садови, односно се сушат. На тие места кората испукува, се лупи и често отпаѓа од дрвесината, а таквите рани се нарекуваат рак-рани.
Споменавте дека болеста ја има пошироко. Дали е изразена само во регионот или се работи за уште пораспространета појава?
– Габичката, a со тоа и болеста на питомиот костен, е распространета низ целиот ареал на европскиот питом костен, односно низ цела Европа, а првпат била откриена во триесеттите години од минатиот век во Италија. Во САД само по педесетина години од откривањето на болеста во 1904 година, речиси во целост го уништила американскиот питом костен.
Фрапантно е што во САД болеста уништила околу три милијарди костенови стебла, а денес таму преживуваат само неколку мали костенови популации, претежно западно од реката Мисисипи.
Значи ли тоа дека истата судбина го очекува и европскиот костен, а со тоа и питомите костени во Македонија?
За посликовито да ви одговорам ќе наведам неколку интересни факти. Набргу по откривањето на болеста во Америка, научниците дошле до сознанија дека габичката потекнува од Азија и таму се развива во неколку ви да ендемични костени, притоа без да им предизвикува оштетувања, односно воопшто да не биде патогена за нив. За жал, при увозот на садници на азиски костени во САД, а 6иле увезени поради нивната отпорност, била донесена и габата. Се испостави дека овој случаен внес во земјата ќе му пресуди на американскиот костен, затоа што воопшто не бил отпорен кон новодојдената габичка. Кога нешто слично се случило 35 години подоцна во Европа, набрзо по откривањето во Италија, габата и болеста се прошириле низ сите земји на Медитеранот. Во тие први години се сметало дека европскиот костен ќе заврши како и американскиот. Сепак низ Европа постои еден друг феномен што во голема мера ја намалува опасноста од габата, a со тоа овозможува преживување на поголемиот број стебла. Се работи за т.н. хиповирулентност, a е предизвикана од група микровируси наречени хиповируси. Накратко, овие габички што во себе го имаат хиповирусот предизвикуваат оштетување на кората, но сепак не создаваат рак-рани и стеблата нормално функционираат. Хиповирулентноста е присутна и во Македонија и придонесува за опстанокот на питомиот костен, односно да не дојде до негово целосно истребување.