fbpx
Вести

Опасни бугарски малини ја преплавија Европа

malini

Во екот на летото тргна меѓународен скандал за бугарски малини. Уште во јули Франција поднела сигнал во Европскиот систем за брзо известување за опасна храна, дека запрела од продажба бугарски замрзнати малини, кои се покажале како инфицирани со норовирус, кој предизвикува стомачно растројство. Засега е познато само дека малините се замрзнати, биле спакувани во Полска, а освен во Франција, биле продавани и во Белгија. За случајот тече истрага и во трите земји. Во медиумите во Бугарија веќе се појавија верзии дека малините веројатно биле полевани со фекални води или берачите ги допирале со нечисти раце.

Во меѓувреме Германија, Холандија и Белгија соопштија дека наишле на јајца кои го содржат токсичниот препарат фипронил. Можно е со отровот да се прскале површини против крлежи, по кои поминале кокошките носачки или пак фипронилот да е користен за чистење на стопански простории. При консумирање на опасните јајца можат да бидат погодени црниот дроб, бубрезите и тироидната жлезда. Во средата Бугарската агенција за храна соопшти дека отровните јајца не стигнале до бугарскиот пазар. Не е јасно, меѓутоа она што се случува во случајот со малините.

Од прес службата на агенцијата за храна во соседна Бугарија објасниле само дека веќе е извршена проверка, не биле откриени прекршоци, а резултатите се испраќаат до европскиот систем за известување. Чудно е дека Бугарската асоцијација на малинопроизводителите не само што не знаела да е извршена некаква проверка, но дури дознала за сигналот од медиумите.

„Кај нас не е извршена проверка. Синџирот по кој патувале малините, е долг и треба да се направи не се провери, истрага каде точно се случило загадувањето“, коментира шефот на асоцијацијата Божидар Петков.

„Во принцип може да се случи загадување при берењето, бидејќи малините не се допираат со ракавици, може да се случи при сортирањето. Но пред извозот задолжително се прави микробиолошко истражување и тоа треба да покаже дали има вирус. Разговарав со членовите на нашето здружение и сите беа изненадени од проблемот“, објаснил Петков.

Според него е чудно што се тврди дека бугарското овошје прво заминало за Полска, каде било спакувано. Тоа е нелогично, бидејќи Полска е еден од најголемите извозници на малини и во таа смисла со неа сме конкуренти.

Самиот Петков ја побарал Бугарската агенција за храна, но не успеал да добие повеќе информации.

Не за прв пат се добиваат сигнали во Евросистемот за известување за заразени бугарски малини, на странски пазари. Досега ниту еднаш БАБХ не ја информирала бугарската јавност како се завршени истрагите и дали плодовите всушност биле контаминирани во Бугарија.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close