fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Општина Дебрца со јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 07 и 08.04.2025 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца, посочуваат.

Покрај барањето секој барател треба да достави и копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од имотен лист или копие од договор за закуп ), како и копија од трансакциона сметка.

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close