fbpx
ВестиМакедонија

Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики

Пописот конечно ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.

Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција, вицепремиерот Битиќи додаде дека пописот конечно ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.

-Сите инвеститори, независно дали се странски или домашни со пописот ќе имаат одговор на многу важни прашања со кои ќе може да донесат одлуки за реализација на нивните инвестициски планови. Дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили? Која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечкиот потенцијал на среден или долг рок може да биде ангажиран во одредено време?, подвлече Битиќи.https://nezavisen.mk/bitikji-popisot-e-osnova-za-kreiranje-na-kvalitetni-ekonomski-politiki/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close