Со низа активности Општина Новаци го прослави својот 23 роденден. Главната свеченост се одржа во Младинскиот културен центар во присуство на вработени од општината , членови на Советот како и бројни гости и соработници со оваа општина. Свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузмановски кој меѓу другото рече:
„Општина Новаци од година во година се развива уште повеќе и станува уште поубаво место за живеење.Од типично рурална општина пред 23 години , денес Општина Новаци е општина со која сите ние треба да се гордееме .Денес Општина Новаци претставува стопански , административен , образовен , културен , уметнички и спортски центар .
30 Март претставува посебен ден за Општината и значаен за сите нас кои заеднички придонесуваме за развој и унапредување на нашата општина.
Постојано вложуваме во инфраструктурата, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Нашата пожртвуваност и несебично залагање придонесоа Општината да го најде своето место во семејството на успешни рурални општини во Република Северна Македонија.
Нашата Општина е една од најперспективните рурални општини, која интензивно се развива, што се должи на нашата заедничка работа и ентузијазмот како Општина и поддршката на Советот на Општина Новаци.
Заедно со Советот на општината и граѓаните,чекор по чекор, трпеливо и упорно, планираме, работиме и ја градиме Општина Новаци.“
„Општина Новаци 23 години опстојува и напредува.Годишнините се пригодни моменти да се преипитаме до каде сме стигнале и што сме направиме во изминатиот период .Советот заедно со Градоначалникот на општината се органите кои се одговорни за нејзиниот развој и напредок.
Донесовме многу важни одлуки кои се основа на многу проекти кои водат кон унапредување и развој на општината и обезбедување на квалитетен живот на сите граѓани“, посочи претседавачот на Советот на општина Новаци Наумче Смилевски.
На свеченоста присусутвуваше и делегација од општина Коломбел, Франција, предводена од градоначалникот Марк Потје. Двата градоначалници потпишаа меморандум за разбирање и соработка.
„Со овој протокол за соработкадвете заедници се соглассуваатда го продолжат своето партнерство. Оваа соработка се заснова на развивање размени и соработки помеѓу институциите и жителите на двете општини и има за цел да овозможи развој на двете територии како и зајакнување на капацитетите на локалната власт. Реализацијата на овие цели ќе биде овозможенаблагодарејќи на институционалните и локланите социоекономски ресурси и ресурсите на заедницата“ се вели во документот што го потпишаа двата градоначалници.
Општина Новаци е единствена општина во државата што се протега на најголема површина. Во своето постоење има богата историја и бројни соработници поддржувачи на работата на општината за што градоначалникот Кузмановски им додели благодарници.
Во рамки на одбележувањето на роденденот на О.Новаци, Советот одржа свечена седница, беа организирани спорстки натпревари во спорстската сала на општината. ООУ Славко Лумбарковски имаше организирано отворен ден со приредба на која зедоа учество ученици од училиштето.Со положување на свежо цвеќе на гробот на Пеце Матичевски се оддаде почит на сите оние што го дале својот живот за оваа општина.
Павлина Јовановска