вестиТоп вести

Општина Новаци се подготвува за прослава на празникот Мала Богородица

 

Рождество  на Пресвета Богодордица или кај народот познат како Мала Богоро дица е еден од големите празници на Светата  Православна црква и секогаш се  слави на 21 септември. Во  Манастирот  Рождество на Пресвета  Богородица, кој се наоѓа во близина на с.Новаци  секоја година се организира  прослава на која доаѓаат илјадници верници од цела држава.

Како што дознава Зелена берза, подготовките околу празнувањето, кое започнува  утревечер, се при крај и традицијата ќе биде запазена. И оваа година празникот достојно ќе биде одбележан. Ќе има богослужба, света божествена литургија и голем народен собир, со што верниците го слават раѓањето на Мајката Божја.

„Како и секоја година и оваа, традицијата ќе продолжи. И овој пат  се очекуваат  да дојдат голем број на верници и гости. Целата прослава ја организира манастирскиот одбор. Тогаш кога нема кум, кумството го зема општина Новаци, а среќата да биде кум, оваа година ја има Пеце Талевски. Општина Новаци го помага манастирот  и во иднина ќе помага колку што може“, изјави за Зелена берза, Љубе Кузмановски градоначалник на Општина Новаци.

Се очекува прославата да биде збогатена со голема културно уметничка програма, на која ќе настапи  музичката ѕвезда Ирена Сапасовска.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close