fbpx
Вести

Органска храна ќе се купува преку интернет

 

organska hrana kje se kupuva preku internet

Органските производители ќе пласираат, а заинтересираните купувачи преку интернет ќе може да ја направат набавката на саканите органски производи. Здружението на органски производители „Органологистик” направи веб-платформа со која го олеснува начинот на продажба на овој вид производи. Платформата треба да овозможи полесна комуникацијата помеѓу производителите и купувачите и на едно место и во секое време заинтересираните да може да добијат информација за моменталното производство, кога тоа ќе биде готово за пласман на пазар, колкави се моменталните количини, но и да се направи резервација на одредени производи.

„Се оставаат податоци и за производителите и за купувачите. Производителите исто оставаат податоци и за тоа кој вид производи ги имаат и веќе понатаму со некој што ќе се пријави како купувач ќе може да си пребара дел од производите. Нив ги има во листа да избере каков тип на производ сака да консумира и да добие информации каде се може да го најде, вели Ѓорги Хаџи Котаров здружение на органски производители „Органологистик” Струмица.

Од „Органологистик” најавуваат дека во иднина платформата ќе биде надградена со многу нови содржини како за производителите, така и за купувачите.

Во последните години интересот за органско производство се зголемува. Се поголем број на земјоделски производители одлучуваат да направат конверзија од конвенционално во органско производство производство. Само во Струмичкиот регион во последната година и половина се регистрирани околу 30 нови производители. Ако на почетокот најголемиот број биле претежно овоштари, во последните години интерес за овој вид производство покажуваат и пчеларите, a се повеќе ги има и градинарите кои сакаат конвенционалното да го заменат со органско производство.

Тагови

Слични написи

7 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close