Пријавување субвенции за предадено млеко

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Сточарите кои го предале млекото во последните три месеци од 2015 година, можат да се пријават за добивање на субвенции. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за литар кравјо, овчо и козјо млеко, објави МРТ.

prijavuvanje subvencii za predadeno mleko

Млекопроизводителите можат да поднесуваат барања за субвенции за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2015 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари за литар.

Барањата се поднесуваат до 30 април оваа година во подрачните единици на Министерството каде што е извршена регистрацијата на земјоделското стопанство.

Како доказ за продаденото млеко се доставуваат откупните белешки издадени од регистрирани откупувачи на сурово млеко запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.