fbpx
Вести

Органски произведената соја би можела да биде извозна култура

За сојата се говори дека е култура на иднината првенствено поради составот на нејзиното семе и широката примена за производство на масло, исхрана на стоката и за употреба во прехранбената индустрија. Семето во својот состав содржи 40 отсто белковини, 20 отсто масла, околу 30 отсто јаглени хидрати и витамини Ц, Б, А, Д, Е, К, минерали и друго.

karas-8952

Сојата успева во сите подрачја што се добри за одгледување пченка. Најголема потреба за вода има во фазата на формирање на зрното. Одлично успева на длабоки, плодни и структурни почви, а подготовката на земјата за садење соја треба да биде слична како за шеќерна репка. Основното орање треба да се изврши на длабочина од околу 30 сантиметри.

Сојата е потребно да се засадува врз рамна површина затоа што треба да се има на ум дека мешунките се наоѓаат во близината на земјата, па на местата каде што постојат нерамнини настануваат загуби на растението.

10.11.soja_

Што се однесува на ѓубрењето, најдобриот начин да се знае колкаво прихранување и е потребно на сојата е да се направи анализа на земјата на која се сади за да се добијат поголеми приноси од оваа култура.

Жетвата почнува и трае од средината до крајот на април. Ако се жнее по оптималните рокови се јавува пад на приносите.

FILE - This July 5, 2008 file photo shows a farmer holding Monsanto's Roundup Ready Soy Bean seeds at his family farm in Bunceton, Mo. Monsanto Co., the world's biggest seed maker, on Wednesday, April 7, 2010 said that profit fell by 19 percent in the second quarter, as prices continued to stagnate for its popular herbicide Roundup. (AP Photo/Dan Gill, File)
FILE – This July 5, 2008 file photo shows a farmer holding Monsanto’s Roundup Ready Soy Bean seeds at his family farm in Bunceton, Mo. Monsanto Co., the world’s biggest seed maker, on Wednesday, April 7, 2010 said that profit fell by 19 percent in the second quarter, as prices continued to stagnate for its popular herbicide Roundup. (AP Photo/Dan Gill, File)

Квалитетната соја се произведува и без генетски модификации. Иако сојата долго се поврзува со генетските модификации, односно околу 50 проценти од сојата во светски рамки е генетски модификувана, се советува да се искористи потенцијалот на нашето земјоделско производство, кое засега е повеќе ориентирано кон природно производство, и да се произведува еколошка соја. Органското производство на соја би можело да биде извозна култура.

soybeans

Сепак треба да се има на ум дека тоа е производство што бара малку повеќе време и внимание ,со пониски приноси. Но, цената е висока и побарувачката на богатиот и пребирлив пазар на западна Европа е огромна. Истовремено, односот на цените им оди в прилог, така што цената на модификуваната соја е 450 долари за еден тон, додека на немодификуваната 570 долари, а органски произведената соја се продава по 920 долари за еден тон, што е многу исплатливо.

Пазарот на западна Европа со своето производство задоволува еден до два процента од сопствените потреби за органска соја, поради што треба да се искористат потенцијалите за задоволување на дел од тие потреби.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close