Николовски: Владата им помага на лозарите, не ги покрива долговите на винарниците

(Oвој напис е објавен на: February 6, 2019)

Долговите на двете винарници, „Повардарие“ и „Стефанс“ нема да се покријат со народни пари, тврди министерот Николовски. Појаснува дека државата ќе ги исплати лозарите, а потоа преку УЈП и Платежната агенција ќе си ги врати парите назад. Со измените на Законот за рурален развој направен е правен основ за лозарите да бидат обештетени. Според него, на овој начин помош добиваат само лозарите, а не и приватните винарници.

-Самата исплата кон лозарите преку Платежната агенција и преку Управата за јавни приходи, тие пари и средства ќе бидат задржани и пренасочени во буџетот на Република Македонија, рече Николовски.

Сепак, се уште не се знае кога лозарите ќе ги добијат парите. Тие ќе легнат на нивните сметки откако земјоделскиот инспекторат ќе направи пресметка на точниот број лозари и вкупниот долг, според просечната цена на грозјето во 2014 година.

Одлуката се очекува да биде донесена в четврток на владина седница.

Двете винарници го немаат исплатено предаденото грозје од 2014 до 2016 година.

Во меѓувреме, во финална фаза е Законот за вино, во кој, според Николовски, преку инструменти ќе се спречи натамошна злоупотреба на лозарите од страна на винарниците.


 

sitel

Share Button