fbpx
Без категорија

Органско Пчеларство-можности и перспективи

organsko pchelarstvo mozhnosti i perspektivi

Целта на органското производство на мед и други пчелни производи не е во количината туку во нивната здраствена исправност . Имено, се тежнее за производство на здраствено- безбедна храна без присуство на резидуи. Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на здраствената исправност постојат значителни и многу важни разлики. Органскиот начин на пчеларење инсистира на минимална интервенција на пчеларите и во прв ред ги има пчелните семејства и нивната витална улога во многу екосистеми. Како еден од предусловите за пристап на органското пчеларство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животна средина, нивната виталност и отпорност према болести.Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа случајот во нашта земја Apis mellifera macedonica. Посебно внимание се посветува на доброто на пчелите што подразбира забрана за уништување на пчелите во саќето како метод за собирање на медот, практиките како сечење односно одрежување на крилата на матицата и уништување на машкото потомство не се дозволени, освен во случај на сопирање на некоја болест предизвикани од Varroa destructor ( крлеж). Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината со медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите трба да одговараат на условите на органското производство што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мораат да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување. Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред почетокот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правилата на органското земјоделство односно исклучиво органски шеќер може да се користи во овие ситуации, Превенцијата од болести во органското пчеларското производство се заснива на селекцијата на резистентни раси и видови ,вклучувајќи и постапки со кои се зголемува отпорноста према болести, како што се на пр: редовна замена на матици, систематска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close