Органското производство може да биде поевтино
Органските производители сѐ уште неможат самите да ги пласираат своите производи како што тоа го прават другите земјоделци. За воспоставување на мрежа за откупно-дистрибутивен систем на пазарот проблем е малото производство и малите количества на органски производи.
Органското производство може да биде поевтино од комерцијалното ако се применуваат соодветни искуства и техники. Производителите засега треба да вложат повеќе труд и повеќе знаење за да ја направат органската храна поевтина и подостапна, бидејќи во Македонија и во регионот цените се голем предизвик за платежната моќ на граѓаните.
Мора да се применува локалното знаење и искуство од домашното поднебје каде што се произведува органската храна. На пример тоа што како практика се применува во Африка или во Германија, не значи дека може да биде успешна и во нашава земја.
Интересот кај македонските потрошувачи за користа од органскиот начин на исхрана е сѐ поголем, а во постојан раст е и бројот на органски производители, како и на сертицифираните површини под органско земјоделство.
Лани во Македонија се регистрирани вкупно 533 органски производители, а ниту еден откупно дистрибутивен пункт за организиран пласман и покрај зголеменета побарувачка на пазарот на органските производи.