Кои јајца се најдобри за ведење?

(Oвој напис е објавен на: June 28, 2019)

Успехот на производството на живина во голема мера зависи од правилниот избор на јајца , бидејќи квалитетот на подмладокот зависи од него. Исправните јајца мора да потекнуваат од здрави живина која има соодветно вдомување, хранета со квалитетна храна, а над неа соодветно се спроведува програмата на мерки на здравствена заштита на живината. Важни фактори за избор на јајцата се плодноста, тежина, возраст, изглед, чистота и цврстината на лушпата,начинот на собирање и складирање на јајца на почетокот на инкубација. Оплодувањето на јајцата во голема мера зависи од односот меѓу машките и женските индивидуи во јатото. Идеален сооднос кај кокошките со лесна линија е 1: 10-12, кај тешка линија 1: 8-10 (претходно се користи за односот на 1: 6-8), кај мисирки е 1: 8-10, гуски: 1: 3, и кај пајки со 1: 5. Освен оваа состојба на оплодување, амбиенталните услови, условите за сместување и годишните времиња имаат големо влијание. За ведење не треба да се земаат ни премали (добиваме неотпорен подмладок), ниту премногу големи јајца (имаат два жолчки). Најдобрата тежина кај кокошките е 55-65 гр, кај мисирките и пајките 75-95 гр, а кај гуските 160-220 гр. Добиениот подмладок на живина има 60 – 67% од тежината на јајцата. За ведење не се земаат свежо снесените јајца, туку постари од 24 часа (толку е  потребно за да се создаде воздушна комора на тапиот крај на јајцето), идеална старост на јајцата е од два до пет дена, а оптимално е до седмиот ден. За секој ден на надминување на староста по седум дена процентот на инкубација е намален за 1-2% на ден. Обликот на јајцата мора да биде овален, тие не смеат да бидат премногу зашилени, кружни и деформирани или валкани. Ако се валкани, не треба да се мијат треба да ги исчистиме со сува крпа, ако се помалку валкани. Лушпата мора да биде мазна, цврста и со изедначена дебелина (околу 0.35mm).

Услови за чување на  јајцата до инкубација : до 4 дена 18-19 ° C, до 7 дена, до 15-16 ° C, повеќе од 7 дена од 12-14 ° C, влажноста треба да биде 75-85% со оптимална вентилација. Пожелно е да се вртат јајцата секој ден, за да не се залепи плодот на лушпата. Пред инкубаторот да ги населиме со јајца, треба да се провери исправноста на неговата работа. Ова се однесува на правилноста и ажурноста на уредот за температурата, влажноста и вентилација (инкубатор се пушта во погон 24h пред да влезат пилињата). Инкубаторот се чисти со помош на средства кои не ги оштетуваат јајцата и пилињата (формалин 21ml, 21ml вода, калиум перманганат за 15-17gr 1m²). По подготовката на инкубаторот, се врши припрема на јајцата за инкубација : дезинфекција на јајца (раствор 1 литар дестилирана вода + 10ml + 20ml omnisan H2O2), со цел да се избегне термички шок за јајцата, се загреваат постепено (4-6 часа пред почетокот на инкубација), температура на греење на 22-23 ° C.

По оваа подготовка започнува процесот на инкубација. Повеќеслојниот инкубатор треба да ги исполнува следниве услови: кај кокошкините јајца 1-18 дена, температурата треба да биде 37.6- 37.8 ° C, влажност 60-65%, вртење на јајца 12 пати на ден, како и преглед на јајцата 6 до 18 дена. Од 19-21 дена температурата во интервалот 37.5-37.6 ° C, каде што влажноста е 75-80%. Кај мисиркините јајца од 1-24 дена, температурата треба да биде 37.5- 37.7 ° C, влажност 60-65%, 12 вртења на јајцата на ден и преглед на јајцата на 7 и 16 дена. За период од 25-28 дена температурата е 37,3-37,6 ° C, влажност 60-70%. Температурата и влажноста на воздухот во инкубацијата на пајкините јајца е приближно иста како кај мисиркините. Во случај на инкубација на  јајца од гуска , 1-25 дена температурата е во опсег 37,5-37,7 ° C, релативна влажност на воздухот е 60-65%, 12 вртења на  јајцата на ден и преглед на јајцата на 12 и 22 дена. Од 26-30 дена температурата е 37.2-37.5 ° C, влажност 75-80%.

Негативните појави во инкубација се најчестите: неоплодени јајца, како резултат на недоволниот број на петли во стадото, премногу стари петли, висока густина на население и болести. Појавата на крвав прстен во јајцето е резултат на неадекватни складирање на јајцата  пред инкубација, температурата на инкубација е несоодветна, лоша исхрана на матичното јато. Раната смрт на ембрионите се должи на несоодветната температура на инкубација, неадекватно вртење на јајцата, слабата вентилација и болеста (samonella). Појавата на смртност кај формирани пилиња во лушпата, обично е резултат на ниска влажност, несоодветна температури, лошата вентилација, несоодветно вртење на јајцата, болести и лоша исхранба на јатото.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button