Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Владата има уште 4 дена да ги исплати субвенциите на оризопроизводителите, во спротивно се закануваат со протести
Поради ниските откупни цени бараат дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа
Оризопроизводителите бараат брза реакција од Владата и исплата на субвенциите, во спротивно ќе продолжат со протестите.
-Откупната цена е ниска, изнесува од 15 до 20 денари за килограм арпа, а не сме ги добиле субвенциите. Владата нема слух да најде начин да задоволи барем дел од нашите потреби. Не сме опфатени ниту се една од петте ковид-мерки, поради што до крајот на февруари бараме исплата на редовните субвенции што ни следуваат по закон. Веќе почнуваат подготвките за новата сеидба на оризот и тие средства ни се потребни. Поради ниските откупни цени бараме дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа – изјави Драгољуб Гаврилов, член на Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.