fbpx
Вести

При подигањето нови насади да се користат квалитетни сорти

Моменталните временски услови се поволни за подигање нови насади, велат експертите, но порачуваат да се засадуваат култури и сорти поотпорни на ниски температури, како и да се применува арско ѓубре за да се заштити коренот од измрзнување.
Според Неџбедин Мемедов од Агенцијата за поддршка на земјоделството во Делчево, основно е да се набават квалитетни сорти, од прва класа.
– Неопходно е да се направи и агрохемиска анализа на почвата и да се чува комплетната документација за производителите да аплицираат за субвениции за нови насади. Ако засадувањето го извршат во овој период, овоштарите ќе можат да аплицираат со целосната документација на првиот повик кој вообичаено се објавува во март, истакна Мемедов.
Годинава беше тешка за овоштарите зашто само пролетниот мраз предизвикаа штети кај 90 отсто од насадите со сливи, додека кај вишните штетите се и до 60 проценти.
Во Делчевско последниве години се подигнати околу 300 хектари со нови овошни насади, а под овошни култури има 1.200 хектари, најмногу сливи, вишни и во последно време лешници.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close