fbpx
ВестиТоп вести

ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОБИТОК

Предмет на осигурување се здрави домашни животни и тоа:

  • Говеда – предмет на ова осигурување се крупните преживари односно јуници бикови со старосна граница од 1.5 год до 9 год.
  • Пчели и пчелни семејства-здрави пчели, кошниците како и медот во медиштето на пчелното семејство до 10 кг

Осигурувачот ги надоместува штетите на осигурените животни и пчелните семејства во случај на:

  • При осигурување на добиток

1) пцовисување на животното поради болест или несреќен

случај;

2) принудно колење на осигуреното животно кога, поради

болест или несреќен случај, му се заканува непосредна

опасност од пцовисување (принудно колење поради

опасност за живот)

  • При осигурување на пчели
  • пцовисување или уништување на осигурените пчели поради
  • болест или несреќен случај;
  • уништување на кошниците и нивната содржина поради
  • несреќенслучај или елементарни непогоди (пожар, гром, луња, поплава или снежна лавина);
  • транспорт на пчели на паша
  • Висината на премијата зависи од повеќе фактори, како што се:
  • видот и расата на животното,
  • старост на животното,
  • бројот на осигурените животни,
  • условите како и начинот на одгледување (за млеко, тов или приплод),
  • ризиците кои се избрани да се покријат
  • пазарната вредност
  • групата на опасност ( пр. дали пчелните семејства се носат на паша или се стационирани)
  • Премијата за осигурување која ја одредува друштвото за осигурување се утврдува во однос на сумата на осигурување, која зависи од пазарната цена на добитокот во моментот на издавањето на полисата за осигурување.
  • Сумата на осигурувањеза пчелното семејство е еднаква на цената на пчелно семејство во месец мај, додека за кошниците е еднаква на цената на кошниците на денот на склучување на осигурувањето
  • За да се достави точна Понуда за осигурување, осигуреникот е должен да пополни Прашалник за осигурување, кој ке ги содржи сите потребни податоци за прием во осигурување.
  • По изготвувањето на полисата осигуреникот добива Услови за осигурување, во кои се наведени и дефинирани Поимите и Опасностите покриени со полисата за осигурување, Опасностите кои не се опфатени со полисата, како и Начинот на утврдување и пресметка на штети
  • Каренцата која е наведена во Условите за осигурување претставува времетраење на полисата во кое Осигурувачот нема обврска да исплати штета и изнесува 30 дена.
  • Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) е одговорна институција за имплементирање на мерките од програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • Висината на помошта е 60% од трошокот на премијата за осигурување, но не повеќе од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство
  • Останатите 40 % од трошокот на премијата за осигурување, која е на товар на Осигуреникот може да се плаќаат на 10 рати, доколку полисата ја изготвите преку СН Осигурителен Брокер АД Битола. За членовите на земјоделски стопанства кои ке аплицират после оваа презентација СН Осигурителена брокер одобрува дополнителни попусти и поволности за останатите видови осигурувања
  • Барање за користење на средства се поднесува во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 30.08.2019 година,
  • Подрачната единица по барање на земјоделското стопанство издава Решение за упишани производни капацитети врз основа на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).
  • Барателот, Решението го доставува до Осигурителниот брокер/Друштвото, кој после пополнетиот Прашалник за осигурување доставува Полиса за осигурување.
  • Еден примерок од полисата (во оригинал или фотокопија), Барателот доставува во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и истото претставува прилог на поднесеното барање.
  • АФПЗРР по утврдување на исполнетост на утврдените критериуми ќе изврши исплата на средства по фактура на сметка на друштвото за осигурување, а во корист на барателот и тоа во висина од 60% од трошокот на премијата за осигурување но не повеќе од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство.
  • Напомена: Доколку АФПЗРР утврди дека барателот целосно или делумно не ги исполнува утврдените критериуми, барателот има обврска да го плати целиот износ од премијата за осигурување.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close