ПРАВИЛНА ПОДГОТОВКА НА ПОЧВАТА ЗА ОВОШНИ И ЛОЗОВИ НАСАДИ СО ПОДОБРУВАЧ НА ПОЧВА -ТЕРАГРАМИН

 

Есента е идеален период за подготовка на почвата и подигање нови овошни и лозови насади како и обработка на постоечките. Квалитетот на почвата е исклучително важен за успешно одгледување на сите видови овошки и на виновата лоза. Плодноста на почвата значи способност истата да им обезбеди на растенијата континуирана минерална исхрана, вода, воздух, топлина и услови за вкоренување. Како дел од екосистемот таа е постојано изложена на интензивна обработка и третирање со вештачки ѓубрива и заштитни средства со кои овој тешко обновлив природен ресурс го губи својот квалитет и се нарушува природниот баланс. За да се зголеми потенцијалот на почвата да дава поголеми приноси од определено растение потребна е правилна примена на агротехника со подобрувач на почва Тераграмин.

 

Аплицирање на Тераграмин на цела површина со ѓубре-растурач

Рачно аплицирање на Тераграмин во редови

За подигање овошни и лозови насади, независно дали станува збор за поголеми или помали површини, најпрво е потребно почвата да се изора добро, да се стави основното ѓубриво и да се аплицира подобрувач на почва Тераграмин – производ кој со своите својства видно ја менува и подобрува нејзината структура, ја прави порастресита и лесна за обработка, ја регулира pH-вредноста, ја задржува во себе водата до 60% како и хранливите материи од ѓубривата и постепено ги испушта до кореновиот систем со што рационално се искористуваат, а истовремено го подобрува капацитетот на почвата за размена на позитивните јони и нејзиниот водно-воздушен и топлотен режим.

За нови овошни насади потребно е да се аплицира количина од 0,5 кг во самата дупка при садењето и дополнително 2,5 кг измешано со земјата за затрупување.

Подигање нови овошни насади

Кај постоечки насади се ставаат 5,0 кг по садница, Се врши окопување околу стеблото во вид на прстен на длабочина од 20-30 цм во кој се става Тераграмин и потоа се покрива со земјa.

Кај овошките третирани со Тераграмин се забележува побрз раст и развој, побујна вегетација и помал степен на испарување на влагата од почвата.

Овој производ е идеален и за јаткасти овошја како орев, лешник и бадем кои во последно време се повеќе се засадуваат на површините во Република Македонија. Кај Игор Митев од струмичкото село Владевци кој има насад со ореви од сортата Чендлер, на исклучително лоша почва, со примената на Тераграмин, успеавме да ја промениме структурата на почвата, со што се подобрија значително условите за раст и развој.

Кај овие овошки оптимална количина, особено доколку се работи за почва со полош квалитет е 7,5 кг по садница, со што за краток период се постигнува поголем раст и развој и особено се препорачува да се користи доколку не постојат услови за редовно наводнување со што се овозможува подобро искористување на влагата која се акумулира од врнежите.

Изглед на садница – орев при третирање со Тераграмин

Изглед на истиот садник по 2 месеца

Изглед на садницата по 4 месеца од третирањето

При одгледувањето на винова лоза исто така треба да се обрне внимание на квалитетот на почвата поради фактот што виновата лоза се одгледува повеќе години и повеќегодишната употреба на заштитни средства, вештачки ѓубрива со текот на времето доведува до истоштување и осиромашување на почвата од потребните хранливи елементи кои се важни за раст и развој на растението.  Од досегашното искуство од примената на подобрувачот на почва Тераграмин ефектите кои се постигнуваат кај лозовите насади се многу подобар развој на гроздовите, побујна листна маса која го штити плодот, поголеми зрна и рамномерно зреење во споредба со нетретираните. Ова го забележа и истакна индивидуалниот земјоделец Орданчо Захарчев од Кавадарци, чиј лозов насад беше третиран со Тераграмин. Тој при нашата посета  не го криеше своето задоволство од позитивното влијание на овој подобрувач на неговиот насад.

За нови лозови насади најдобро е да се употреби во количина од 0,5 кг во самото садно место и 1,5 кг измешано со почвата за затрупување.

Кај постоечки лозови насади без разлика на староста може да се употребува во количина од 5,0 кг по лозница или да се растури во редот и да се заора или исфрезира за подобра инкорпорација во почвата.

За производство на калеми и нивно подобро ожилување Тераграмин да се меша со субстрат во сооднос 20% Тераграмин и 80% субстрат.

Плод кај винова лоза третирана со Тераграмин

Плод кај винова лоза од истата сорта која не е третирана со Тераграмин

Тераграмин има продолжено дејство мин. 5 години, така што предностите од неговата употреба во овоштарството и лозарството се долгогодишни.

 

Производот може да се користи и во органско производство за што поседува сертификат од Процерт.

Вреќа со Тераграмин

Зелена берза

 

Share Button