fbpx
Вести

Осма костенијада во Смолари

Во подбеласичкото село Смолари денеска по 8-ми пат се одржа манифестацијата „Фестивал на смоларскиот костен“. Жителите на овој регион ги испекоа надалеку познатите смоларските костени за гостите, а домаќинките покажаа дека костенот може да се употребува и во кулинарството.

На костенијадата, присуствуваше и претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, кој истакна дека ваквите манифестации се важни за пренесување на македонската традиција.

-Овој продукт, костенот, е познат во цела Македонија и е наша гордост на целиот струмички регион, посебно на Општина Ново Село. Во Општина, каде што негувајќи ја традицијата која што ја негувале нашите дедовци и прадедовци продолжуваме во духот на таа традиција да ги собираме граѓаните заедно. Се надевам дека ваквите традиции ќе продолжат понатаму, затоа што таа е убавината која ни е стекната благодарение на нашите природни убавини, верувајќи дека ќе продолжи да биде сплотувачка врска меѓу нашиот народ, рече премиерот Заев.

Градоначалникот на Општина Ново Село, Боро Стојчев истакна дека како локална самоуправа ќе се погрижат да се негува долгогодишната традиција.

-Денеска печеме околу еден тон костени, а имаме и подготвено традиционална храна подготвена од нашите домаќинки. Имаме гости од цела Македонија, но и од соседните држави. Ќе се потрудиме, од година да ја омасовиме манифестацијата за промоција на костенот, но и на нашиот регион, рече Стојчев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close