fbpx
ВестиТоп вести

Што ако престанете да јадете месо?

Ако одлучите да го исфрлите месото од вашата исхрана, тоа ќе доведе до големи промени во вашето тело – од намалување на вишокот килограми до намалување на ризикот од појава на некои болести.
Но, тоа има и свои недостатоци !

1.Ќе ја намалите вашата телесна тежина

Луѓето кои престануваат да јадат месо во просек губат околу пет килограми. Освен тоа, доколку се откажете од месо, повеќе нема да морате прецизно да ги одбирате калориите кои ги внесувате или повеќе да вежбате, бидејќи исхраната на база на зеленчук ќе го направи своето.

2.Ќе се зголеми бројот на добрите бактерии во цревата

Цревната флора на луѓето кои јадат месо и вегетаријанците се разликува. Студиите покажуваат дека луѓето кои јадат само храна на растителна основа имаат повеќе добри бактерии кои се заслужни за оптималното здравје.

3. Кожата ќе ви изгледа подобро!

Многу жени кои престанале да јадат месо забележале подобрување во квалитетот на кожата. Научниците велат дека исхраната на база на билки го чисти телото од токсини, а тоа влијае врз добриот изглед на кожата.

4. Ќе имате повеќе енергија

Откако ќе прејдете на вегетаријанска исхрана, ќе забележите дека повеќе не сто толку троми и уморни – ќе имате повеќе енергија.
“Некогаш бев исцрпена и кога цел ден бев во канцеларија.Сега ми е потребен само добар тренинг за да се чувствувам уморно” рекла една вегетаријанка.

5.Ќе се намали ризикот од кардиоваскуларни болести

Американските научници откриваат дека карнитинот во црвеното месо предизвикува хемиски реакции кои негативно влијаат врз здравјето на срцето. Со тоа се покажало дека кај вегетаријанците постои помал ризик од хипертензија, рак на дебелото црево и рак на желудник.

6.Ќе се намали нивото на холестерол во крвта

Научно докажано е дека вегетаријанската исхрана го намалува нивото на холестерол во крвта. Таквиот ефект може да се спореди со оној при консумирање на лекови за холестерол, но во овој случај нема нуспојави.

7.Добрите гени ќе работат подобро

Има добри и лоши гени, а научниците откриле дека на нивната работа влијае околината. Ако животот не ви е здрав, лошите гени почнуваат да работат побрзо – а тоа ќе предизвика разни хронични болести и дебелина. Кога живеете здраво делувањето на гените се менува.

8. Може да дојде до недостаток на витамини и минерали

Чест случај кај луѓето кои престануваат да јадат месо е недостаток на јод, железо и витамин Д и Б12 во организмот. Но, научниците велат дека доколку во вегетаријанската исхрана внесете доволно мешунки, јаткасти плодови, цели житарици, овошје и темнозелен зеленчук, не би требало да дојде до ваква состојба.

9.Ќе се намали ризикот од кардиоваскуларни болести

Цинкот е важен елемент кој е одговорен за чувството за вкус. Црвеното месо содржи голема количина на цинк, а доколку се одлучите да го исфрлите од исхраната, тој проблем може да се реши со внес на бел грав, јаткасти плодови, цели житарки и млечни производи.

10.На мускулите ќе им треба повеќе време за регенерирање

Протеините се неопходни за зајакнување на мускулите и нивната регенерација по вежбањето. И животинските и растителните протеини се добри за решавање на тие проблеми, но имајте на ум дека на растителните протеини им е потребно повеќе време за да почнат да делуваат.
Нутриционистите препорачуваат вегетаријанците и веганите да консумираат протеини непосредно по тренингот бидејќи така полесно и побрзо се апсорбираат.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close