вестиМакедонијаТоп вести

Откупната цена на оризот е повисока од минатата година

Откупната цена на оризот се движи помеѓу 50 и 52 денари и е повисока од ланската цена.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, го посети Кочанскиот Регион. За време на посетата Шапуриќ посети повеќе компании кои вршат откуп на оризот, помеѓу кои „Левиди агро“, „Екозрно“ и „Даниво“ каде разговараше со менаџментот и вработените во овие компании. Притоа, тој се интересираше за текот, динамиката и цените на откупот на оризизот и ги посети производните капацитети каде што се врши откупот на оризот.

Во разговорите беше констатирано дека откупот се одвива веќе неколку месеци без некои проблеми и дека се очекува да заврши до крајот на месец април. Откупната цена на оризот се движи помеѓу 50 и 52 денари и е повисока од ланската цена. Целиот текст може да се прочита на следниот ЛИНК.

Слични написи

Back to top button
Close