fbpx
Вести

Откупен речиси целиот тутун

Десетина дена пред крајот на откупот деветте откупувачи речиси завршија со откупот. Од предвидените 25.000 тони, откупени се нешто помалку од 20.000 тони. Просечната откупна цена изнесува 186 денари од килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари). Тутунопроизводителите се задоволни од цената што ја добиваат.

otkupen rechisi celiot tutun

 

Во согласност со податоците на Министерството за земјоделство беа склучени околу 34.445 договори, што е 20 отсто помалку во однос на 2014 година кога имаше 42.367. Според добиените информации од тутунските претпријатија, лани беа насеани 14.030 ха, што е во однос на претходната, намалување од 17 отсто. За предвидената количина тутун ќе бидат потребни околу 2.908.269.000 денари или 48 милиони евра. Вредноста на субвенциите изнесува 1.452.820.000.00 денари.

Годинешниот откуп на суров тутун во лист почна кај одредени откупни фирми и порано од законски предвидениот рок. За самиот редовен откуп на тутунот навреме беше извршена заверка на тутунските мостри, направени сите подготовки на откупните пунктови и беа определени претставници на здруженијата на тутунопроизводителите.

Лани првпат се случи за новата реколта откупните претпријатија да извршат одредено намалување на бројот на склучени договори за производство на тутун. Ваквата состојба откупните претпријатија ја оправдуваат со намалената побарувачка на ориентални типови тутун на светско ниво. Вкупните остварени финансиски резултати во извозот од тутун и тутунски производи лани беа 22 проценти поголеми во однос на 2014 година. Истовремено увезени се 4.595 тони тутун и цигари, што е 27 отсто помалку. Потрошени се 34,5 милиони долари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close