fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Се враќа во нормала хидролошката состојба во Источна Македонија

Последните врнежи од дожд ја сменија хидролошката слика на Истокот. Од почетокот на месец март до денес само во Штип наврнале 40 литри на метар квадратен, а нивото во река Брегалница се зголеми од 70 на 125 сантиметри односно, во коритото има 3 пати поголем проток на вода.

-Ако се има во предвид дека на 70 см висина има проток од 6 метри кубни вода во секунда, а на 120 см изнесуваат околу 18 метри кубни во секунда, значи не споредливо е-изјави Киро Маџунаров, соработник во  УХМР.

Просечните годишни врнежи се околу 510 литри на метар квадратен. Изминативе две децении амплитудата на количините воден талог на годишно ниво варира од минимални до максимални вредности.

-Минимум имам измерено во 2000-та и 2011 година од само 310 литри на метар квадратен, додека максимум во 2014-та имам измерено 790 литри на метар квадратен- изјави Маџунаров

Поради долгиот сушен период, во браната Калиманци, главниот резервоар за наводнување на кочанската котлина и Овче поле, имаше само 40 милиони, што е за 3 пати помалку од вкупниот капацитет од 127 милиони метри кубни вода. Изминативе неколку денови браната започна интензивно да се полни, што влева надеж дека во април ќе може да стартува сезоната за наводнување.

Извор: Сител

Слични написи

Back to top button
Close