fbpx
Вести

Откупени само 10 тони пченица во Кочанско

По жетвата на пченицата во кочанско досега се откупени само десет тони пченица од годинешниот род, иако за откуп на пченицата, локалните земјоделци имаат склучено три договори со компании за откуп. Засега единствено откуп врши компанијата „Мак Млин“ од село Чешиново.

– Откупната цена за килограм пченица се движи од осум до девет денари за килограм. Слабиот откуп се должи на ниската откупна цена и незадоволството на земјоделците од откупната цена, изјави Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство истакнуваат дека пријавувањето за користење на средства од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 завршува заклучно со 15 септември, и засега интересот на земјоделците е во рамки на очекувањата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close