fbpx
Вести

Откупени се 40% од тутунот

Откупот на тутун во струмичкиот регион тече непречено. Од планираните околу 2 милиони килограми близу 40% од производството веќе е предадено на откупните организации. Најголемиот дел  од предадениот тутун се цени на втора класа, но има и прва и трета. Од здружението на тутуно производители Басмак велат,  во моментов просечната цена изнесува околу 200 денари за килограм , но таа не треба  да се земе како релевантна бидејќи поголемиот дел од тутунот меѓу кој голем дел е од повисоките класи допрва ќе  се носи на откупните пунктови. Очекувањата се да се постигне ланската цена.

– Моментално доаѓаме до 200 денари. Ние се надеваме дека ќе биде ланската цена, да ја постигнеме просечната цена од 217 до 220 денари. Како што планираме бидејќи имаме горни берби квалитетен тутун и се надеваме да биде 215 до 220 денари. Со субвенциите кои што се 80, 70 и 60 денари можно е да се дојде до некоја сума од 300 денари кај некои луѓе кои што имаат поквалитетен тутун.

Поради неповолните временски услови наместо планираните околу 28 милиони килограми на ниво на држава , тутунските здруженија очекуваат да бидат предадени најмногу до 23 милиони килограми.  Динамиката на откупот ќе зависи од временските услови. Доколку продолжи влажниот период не е исклучена можноста целото производство да биде предадено до крајот на јануари или околу месец и половина пред законскиот рок

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close