fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава. Досега според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, што е досега највисока просечна цена. Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании.

Од реколтата 2019-та вкупно се  засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та.

По завршувањето на откупот и штом завршат сите административни процедури околу контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе започне со исплата на субвенциите за производителите на тутун. За реколтата 2018-та се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот. Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Од оваа 2020-та година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутуноптоизводителите.

Слични написи

Back to top button
Close