вестиМакедонијаТоп вести

По трет пат „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“ во Куманово

Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ од Куманово, ја организира манифестацијата

„ОРГАНСКА ТРПЕЗА“

на ден 12.09.2020 година (сабота)

во спортско рекреативниот комплекс во Куманово

Пристигнување на излагачи – 08:00 часот

Свечено отварање -12:00 часот

Целта на оваа манифестација за претставување на органските производи и производители од Македонија и пошироко, што се одржува по трет пат, а прерасна во традиционална, е вмрежување и поврзување на традициите, но и согледување на предизвиците со кои што се соочуваат производителите од Македонија, регионот и пошироко, како и нивно надминување.

Поради успешната организација на манифестацијата во минатите години, годинава покрај учесници од Македонија, свое учество ќе земат и претставници од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска, Словенија, Руска Федерација, Словачка, Црна Гора и други. На манифестацијата, активно учество ќе земат повеќе од 100 излагачи-производители на органска и традиционална храна и производи, а свое учество и допринос ќе дадат повеќе од 2000 луѓе меѓу кои и претставници од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Министерство за Економија, Министество за Транспорт и Врски, Програма за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“, имплементирана од страна на „Паладиум“,

Постојана работна група за регионален рурален развој (Regional Rural Development Standing Working Group) “SWG” Комора на Органски Производители КОП, Стопанска комора на РС Македонија, АППРМ, Факултет за земјоделски науки и храна, претставници од Амбасади, Агенција за вработување, претставници од Локалната самоуправа на општина Куманово, како и претставници од домашни и меѓународни граѓански организации, локално население и медиуми.

На настанот ќе се овозможат B2B средби помеѓу производители, преработувачи и извозници.

Здружението „ЖИВОТ“ ќе биде иницијатор за поврзување и потпишување на меморандуми за соработка помеѓу повеќето чинители од регионот. На манифестацијата ќе земат учество и експерти за рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, кои што ќе ја презентираат моменталната состојба на теренот, ќе покренат дискусија и ќе дадат препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните средини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close