fbpx
Вести

Откупот на тутунот со добра цена и помала понуда

Само 18 работни дена, колку што трае откупната кампања на тутунот од ланската реколта, деветте откупни тобако-компании прифатија осум илјади тони тутун и постигната е солидна цена од 185 денари за килограм откупен тутун.

Шеснаесетте здруженија на тутунарите, на состанокот од пред два дена, оценија дека договореното  производство ќе потфрли за 20 проценти поради недостигот на расад од почетокот на производствената сезона и поради помалата специфична тежина на тутунот.

otkupot na tutunot so dobra cena i pomala ponuda

 

– До крајот на откупната кампања има уште 12- 13 илјади тони тутун, што значи, 25.700 тони колку што побаруваат откупните компании, не можеме да задоволиме. Тоа ќе биде од нас производителите и повеќе нема да имаме, што значи дека откупот на тутунот би завршил многу рано односно најдоцна до 20-ти февруари – рече Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close