вести

Откупот на тутунот во струмичко при крај

(Oвој напис е објавен на: јануари 23, 2018)

tutun

Откупот на тутун во струмичкиот регион влегува во завршна фаза. На околу два месеци пред истекот на законскиот рок скоро 90% од овогодинешната реколта веќе е предадена на откупните организации. Од здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево велат дека досега биле откупени околу 1800 тони. Според  нивните проценки остануваат уште  околу 20 тони  суров тутун кои  најдоцна до крајот на месецот ќе бидат предадени на откупните пунктови. Најголемиот дел од произведениот тутун оваа година бил откупен како прва и втора класа со просечна цена од 215 денари по килограм.

,, Просечната цена оваа година до сега е 215 денари и е задоволителна, самите производители се задоволни. Ги имаме да нагласам и оние 60 денари од субвенциите, значи просек ќе ни дојде некаде до околу 280 денари за овогодинешната реколта. Самата просечна цена за која што реков дека е 215 денари ни кажува дека имавме добар квалитет.,, вели Марјан Трајков – здружение на тутунопроизводители Басмак од Василево

Од здружението  на тутунопроизводители Басмак велат  а без проблем тече и исплатата на предадениот тутун. Годинава парите за нивното производство тутунопроизвдителите ги добивале најдоцна за околу една недела по предавањето на откупните пунктови. Паралелно со предавањето на последните количини тече и пријавувањето на површините за следната сезона, а од почетокот на наредниот  месец ќе започне и вадењето на евидентните листови.


 

sitel

 

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close