fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Откупот на тутунот започнува на 15 ноември

Пред почетокот на откупот на тутунот, ресорниот министер Цветан Трипуновски очекува „фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите“.

Одговарајќи на новинарски прашања изјави дека е во комуникација со сите откупувачи на тутун кои се регистрирани во Министерството и дека се прават финални подготовки за стартот на откупот на 15 ноември.

„Очекувам дека ќе имаме богат род и квалитетен тутун како и во минатото.  Можеби ќе биде со намалена количина, не како во претходните години, меѓутоа очекувам да има фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите. Ние како министерство ќе го следиме процесот и сите евентуални проблеми кои би настанале, а не верувам дека ќе има, ќе ги санираме на самиот почеток“, рече Трипуновски кој денеска ја отвори манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close