Отошничка река во Ранковце порибена со крап

Спортско-рекреативниот клуб „Мрена“ од Крива Паланка изврши порибување на рекреативната зона „Отошница“ во општина Ранковце каде во постојната брана на Отошничка река беа пуштени 102 килограма крап.

Активностите се согласно програмата за 2015 година за порибување на концесионерскиот реон Крива Река 1 со кој шест години стопанисува „Мрена“ .  – Порибувањето во оваа концесионерска зона се врши по три години, а средства за рибата која заплива во овој реон се обезбедени од донацијата на „ЕМК Минихидроелектрани“ кои стопанисуваат со електраните на Крива Река. Како општестевно одговорна компанија  решија да придонесат кон збогатување на рибниот фонд во Кривопаланечко и Ранковце, за што обезбедија 51 килограм пастрмка за Крива Река и 102 килограми крап кои денеска беа пуштени, изјави Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.
 otoshnichka reka vo rankovce poribena so krap
Според него, со порибувањето ќе се придонесе за поголема атрактивност на риболовниот реон каде доаѓаат риболовци од Кратово, Куманово, Пробиштип и Скопје. – Рибата со која денес порибувавме е набавена од овластениот репроцентар „Акватик“ од Неготино. „Отошничка брана“ покрај со крап изобилува со пастрмка, порибена во 2010 и истата веќе нарасна и над 5 килограми по парче, потоа клен, попадика, но има и  американско сомче, кое е риба-штетник што се храни со икрите од останатите риби, додаде Рангелов.
На порибувањето беа присутни претставници од Институтот за сточарство при УКИМ Скопје и од Државен земјоделски инспекторат кои извршија увид и констатираа дека рибата е контролирана, со сертификат за здравстевна состојба и документ за потекло.
– Во претходно порибениот дел по течението на Крива Река на потегот од „Мотел Макеоднија “ до каскадите на клучката при излезот од Крива Паланка важи целосна забрана за рекреативен и спортски риболов бидејќи овој реон е плодиште на рибите. Долж реката на оваа локација поставени се девет табли со известување за забраната, а лицето задолжено за контрола од „Мрена“ постојано ќе патролира и редовно ќе врши надзор, појасни Рангелов.