fbpx
ВестиТоп вести

Отстрелани едвај 50 диви свињи

Ловџиите по најавите за масовен лов викендов успеаја да отстрелаат едвај 50 диви свињи. Владата сега треба да одлучи дали војската ќе се вклучи и ќе помага.

 

Во соседна Бугарија вестите секојдневно се полни со нови жариште на болеста африканска свинска чума. Болеста е дојдена на неколку километри од нашата граница и причинува огромни штети за свињарството. Досега во Бугарија имаат уништено околу 150 илјади свињи.  Таму војската и полицијата се вклучени и одат заедно со ветеринарните власти од врата до врата по селските дворови и се одземаат сите свињи од фармите кои се во радиус од три километри од жариштата, за да го запрат ширењето на вирусот бидејќи под закана им е уништување на околу 500 илјади свињи. И наместо да учиме од туѓите грешки -нашите превентивни мерки се уште со многу слаба реализација. Ловџиите викендов според последните информации отстрелале вкупно 50 тина диви свињи. Само неколку ловишта не организирале лов а некои ловишта најавиле дека ќе продолжат со лов секојдневно. На потег сега останува владата да одлучи дали ќе ја пушти армијата и во ловиштата каде има концесионери. Ловџиите добија ултиматум од владата да отстрелаат 50% од годишниот план што во бројки е околу 1600 свињи но со отстрелани 50 диви свињи очигледно е дека ни од далеку не е завршена задачата. Од тука владата треба да пресече дали и натаму ќе се тактизира со рокови и одолговлекување во надеж дека нема да ни се пресели болеста преку граница со помош на дивите свињи кои вкупно ги има околу 8 илјади кои се и најчеста причина за пренесување на заразата или ќе ја вклучи армијата во превентивните мерки за заштита на една од најзначајните стопански гранки во аграрот кој тежи 100 милиони евра годишно и вработува над 10 илјади семејства. Првото решение кое го донесе агенцијата за храна и ветеринарство за сведување на дивите свињи на нивни биолошки минимум беше на 24 јули. По тоа на први август министерот донесе решение за 60 дена порано да може да започне ловната сезона, но резултат беа само неколку отстрелани диви свињи. Дури откако владата минатата недела има деде ултиматум од десет дена, ловџиите викендов конечно излегоа на лов, но последните резултати покажуваат дека ни се потребни посериозни мерки.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close