fbpx
ВестиСовети

Правилна употреба на пестицидите

pesticidi

Секој применувач на средствата за заштита треба да ги знае сите информации што се однесуваат на секој препарат одделно:

– препорачана доза и концентрација за примена

– време на апликација или стадиум од развој на културата кога може да се применува средството за заштита на растенијата

– да се знае точната примена на средството за заштита на растенијата (целен штетен организам)

– време на апликација на средството за заштита на растенијата

– каренца

– работна каренца

– сите безбедносни мерки треба да бидат забележани со цел избегнување на изложеноста на средствата за заштита на растенијата

– Ургентна брза помош.

Пред употреба на било кој пестицид секогаш внимателно да се прочита упатството на амбалажата или во прилог.

Примената на средствата за заштита не се препорачува кога растенијата страдаат од недостаток на вода, или кога има неповолни временски услови, бидејќи нивната ефекасност зависи од временските услови.

Примената на пестицидите да се врши рано наутро по убаво време, кога ветерот е слаб. Ако пестицидите се применуваат непосредно пред дожд, можат лесно да се исперат и неможат да го дадат очекуваниот ефект. Ако се применуваат при јак ветер, ветерот може да ги разнесе и може да ги оштете другите култури.

Повеќето пестициди треба да се применуваат рано наутро или приквечер во услови на висока влага и пониска воздушна

температура.

Примената на средствата за заштита на растенијата е забранета во појас од најмалку 10 метри од извори на вода, водни површини, реки, езера.

Забранета е примена на средствата за заштита на растенијата на култури кои цветаат. Ако има потреба за апликација на хемиски средства пчеларите мораат да бидат известени.

Сопствениците на пчелите треба да бидат известени од секој земјоделец поединечно за местото и времето на апликација во радиус од најмалку 2 км.

При апликација на хербицидите, да се внимава на правецот на дување на ветерот со цел да се заштитат соседните култури од непланиран третман.

Ако е можно, апликацијата на средствата за заштита на растенијата да биде локализирана на жариштата од појава на штетните организми или на местата на нивно презимување.

Таму каде што е возможно, или во зависност од интензитетот на појавата на штетниците, да се врши апликација на пестицидите меѓу редови со што ќе се намали

количеството на аплицираниот пестицид.

Мешањето на пестицидите, или пестицидите и ѓубрињата да се врши само ако тоа е наведено во упатството за примена на истите.

Подготовката на растворот (чорбата) да се врши на нивата, според упатствата од производителот.

Количеството на растворот (чорбата) да биде строго пресметан. Треба да постои документирана евиденција за растворот што се користи за прскање на растенијата со запис за пресметката, приготвувањето и точното количество од СЗР во согласност со упатството од етикетата.

Да се избегнува преголема употреба на течност.

Празната амбалажа треба да се измие a употребената вода да се додаде во растворот.

Да се користат маркери за обележување на третираната површина за да се избегне двојно третирање.

Никогаш да не се зголемува дозата на примена од онаа која е пропишана. Ако нема ефекти грешката е во времето на примена или во изборот на средството, зголемувањето на дозата нема да го реши проблемот.

Никогаш да не се кинат етикетите од оригиналната амбалажа.

Опремата за апликација на производите за заштита на растенијата требе да биде исправна и да одговара на површината, културата и производот за заштита кој ќе биде аплициран.

Опремата за апликација на производите

за заштита на растенијата требе редовно да се калибрира, а дизните треба да се проверуваат пред секое третирање.

Никогаш нетреба опремата за апликација да се мие на водотеци (реки, потоци и др.)

Посебно внимание треба да се обрати при полнењето на резервоарите со раствор. Резервоарите не смеат да се преполнуваат над обележаното ниво и во нив не смее да има пена.

Заради заштита на здравјето на луѓето при примена на производите за заштита на растенијата треба да користат: заштитни маски, ракавици, кабаници и чизми во случај на механизирана заштита на растенијата (со турбо атомизер), односно најмалку маска и ракавици при рачно аплицирање на средството за заштита.

Заради заштита на здравјето на вработените кои ги применуваат производите за заштита на растенијата, во текот на апликацијата не се дозволува пушење, јадење или пиење.

После работа обавезно треба капење со вода и сапун.

Чување на средствата за заштита на растенија

Производите за заштита на растенијата треба секогаш да бидат складирани во оригинална амбалажа во магацин кој му е достапен само на корисникот.

Магацинот треба да е конструиран и да е во состојба континуирано да ги оневозможува сите ризици за загадување на животната средина или оние кои претставуваат закана за здравјето на луѓето и животните.

Средствата за заштита на растенијата не се складираат заедно со храна, пијалоци и

добиточна храна.

Мониторинг на употребата на производите за заштита на растенија

Земјоделските стопанства кои употребуваат производи за заштита на растенијата треба да водат евиденција за:

-набавката на средствата за заштита на растенијата,

-третирањето на растенијата и на растителните производи, и тоа особено за податоци за: видот и количеството на употребениот производ; активна компонента; датум на примена; името на штетниот организам, болест или плевел; културата; датумот на бербата, односно жетвата; применетата доза и површината; и типот на опрема за апликација и

-листата на залихи на производите за заштита на растенијата која треба да се ажурира на секои три месеци

Евиденцијата треба да се чува најмалку пет години и доколку овластените лица од министерството побараат истата треба да им се достави.

Tреба да се вршат редовни обуки (најмалку еднаш годишно) на земјоделските производители за начинот на примена на производите за заштита на растенијата и начините за водење на евиденција за извршените мерки за заштита на посевите и насадите.

Советник во АПРЗ Петар Трајковски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close