Отворање локален центар за е-поддршка на земјоделците и локалното население во Кичево
Рурална коалиција денеска во Кичево ќе го отвори првиот локален центар за е-поддршка на земјоделците
Рурална коалиција денеска во Кичево ќе го отвори првиот локален центар за е-поддршка на земјоделците и локалното население и ќе ја одржи првата презентација за нивото на дигитална писменост на локално ниво.
На презентацијата е предвидено присуство на претставници од локалната самоуправа во Кичево, како и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Управата за јавни приходи, како и останатите локални институции кои делуваат на територијата на општина Кичево. На средбата обраќање ќе имаат претставници од општина Кичево и од Подрачната единица на Министерството за земјоделство за степенот на користење на дигиталните услуги на локално ниво, а од страна на проектниот тим, во рамки на проектот Дигитализација во земјоделството – СЕГА! ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето кое беше реализирано во периодот јануари-февруари 2021 година во пет плански региони во Кичево, Врапчиште, Гостивар, Старо Нагоричане, Куманово, Струмица, Прилеп и Кривогаштани. -Една од главните цели на проектот е зголемување на соработката со институциите на локално ниво, како и зголемување на довербата и сигурноста во електронската комуникација и користењето на е-услугите со што директно ќе придонесеме за реализација на Дигиталната агенда на државата, наведуваат од Рурална коалиција.https://opserver.mk/makedonija/opstini/otvoranje-lokalen-centar-za-e-poddrshka-na-zemjodelcite-i-lokalnoto-naselenie-vo-kichevo/