Отворен нов јавен повик за сточарите, поддршка за набавени пчели, назимки или нерези оваа година
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски информира дека средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември 2021 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта,ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства. “
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски информира дека средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
„Сите кои се регистрирани земјоделци и набавиле пчелини матици ќе можат да добијат подддршка до 600.000 денари по корисник, додека поддршка до 6.500.000 денари по корисник ги следува сите кои имаат набавени чистокрви или хибридни свињи назимки или нерези. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрени прифатливи трошоци за реализација на инвестицијата. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55% поврат на прифатливата сума во случаи кога инвестицијата е реализирана од страна на млад земјоделец. До 60% од прифатливите трошоци се прифатливи за сите фармери кои имаат инвестиции во подрачја со ограничени можности,додека 75% поврат на прифатените средства за реализираната инвестиција ги следува фармерите кои имаат инвестиции во недостапни рурални заедници. “ – информира Бачовски.
Сите заинтересирани, потребно е барањата да ги поднестат електронски, по извршена регистрација на веб страна на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk, e- baranje.ipardpa.gov.mk. Заедно со барањето потребно е да се прикачат и сите задолжителните потребни документи кои се бараат согласно овој Јавен повик.
Електронски пополнетото барање, заедно со целкоупната пропратна документација, треба да се заверат со потпис и печат од барателот и целокупната документација во оригинал се доставува во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „ Не отворај“. На пликот треба да стои Барање за исплата и Архивски број на барањето. Документацијата може да се достави по пошта или лично во писарницата на АФПЗРР.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година.
Краен рок за доставување на барањата е 31.12.2021 година.
Сите баратели кои ги исполниле условите за користење на средства од оваа мерка се рангираат со бодување кое е утврдено во Правилникот за поблиски критериуми. Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат по принцип прв дојден прв услужен, односно, согласно времето и датумот на поднесување на е – барањето. Важно е сите апликанти да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон МЗШВ, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, како и намирени обврски кон водостопанските претпријатија.