
Земјата на оризот и на медот на големото платно
Оризовите полиња од птичја перспектива, плодната Кочанска Котлина, жетвата на оризот, начинот на работа, потенцијалот на пчелите, производството на планински, ливадски мед, прецизно доловената атмосфера, важни детали, живописни кадри, поучни живи приказни и волшебни предели беа презентирани преку видеата „Одржливо производство на ориз” и „Пчеларството врска меѓу зачувувањето на биодиверзитетот и социоекономските придобивки” вчера во киното „Фросина” во МКЦ. Co нив е прикажан трезорот на брегалничкиот регион. Видеата се дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Хелветас свис инкорпорејшн” и „Фармахем”. Видеата се важни за промоција на природните вредности на брегалничкиот слив и доближување на концептот за одржлив развој.„Одржливо производство на ориз” се однесува на пилот-активноста што Програмата ја спроведе на оризовите полиња на ЈП „Македонски шуми” во Таринци, кај фармер во Чешиново и Земјоделскиот институт во Кочани. Целта е да се споредат две различни сорти ориз „сан андреа” и „ониче”, две техники на засејување, традиционално и со редосеалка, и две техники за наводнување со потопување на полињата и систем „капка по капка”.
Експериментот траеше од подготовка на парцелите до жетва. Користени беа контролирани количества вештачки ѓубрива, заштитни средства и вода, за да се намали негативното влијание врз биолошката разновидност и животната средина. Резултатите во првата година се задоволувачки, оваа активност ќе продолжи и во наредниот период за да се опфатат што е можно повеќе фармери за да се почувствуваат и експертите од овие техники вели Марјана Шушлевска, национална тим-лидерка на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Видеото „Пчеларството врска меѓу зачувувањето на биодиверзитетот и социоекономските придобивки” е наменето да го поттикне пчеларството. Осоговските и Малешевските Планини, Плачковица и Голак се идеални за пчеларство и создавање бренд за мед, а за младите и невработени лица од брегалничкиот регион пчеларството претставува можност за остварување заработка.
Пчеларот врши повеќенаменска функција, од една страна придонесува за зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела, а од друга тој креира економски придобивки за себе и за семејството преку про дажба на мед и други пчелни производи. Co помош на искусни пчелари од регионот и швајцарски експерт за агрикултура подготвивме и спроведовме теоретска и практична обука за 18 невработени лица од брегалничкиот регион при што преку специјални модули тие имаа можност да се запознаат со основите на пчеларството, за креирање можност за економска придобивка преку одржливо искористување на природните ресурси. По завршувањето на обуката оформени се 18 нови пчеларници додава Mapјана. Програмата за зачувување на природата во Македонија е спроведена во изминатите 4 години. Видеата ќе бидат емитувани на националните и на регионалните телевизиски станици за да допрат до што е можно поширок аудиториум. Во подготовка е и документарен филм, „Медена земја”.