fbpx
ВестиВино

Отворен штанд за продажба на локални производи во близина на автопатот кај Неготино

stand

Отворен е штанд за продажба на локални производи во близина на автопатот кај Неготино. Се работи за проект насловен “Вкусот на Тиквешијата” на Здружението  за рурален развој, Локална акциона група “Тиквешка  винска долина” финансирана од швајцарската амбасада во Република Македонија, преку Асоцијацијата за инвестиции во руралната економија (АИРЕ).

– Проектот предвидува поставување  штанд за продажби и промоција на производи од локалните производители во тиквешкиот регион како мед, маџун, слатко, гроздов сок и слично. На штандот се  застапени производи од локални производители кои сами не се во можност да се појават на пазарот,  а штандот им нуди можност заеднички да се   претстават и да остварат дополнителни приходи, рече Василка Ќосева, претставник на Локалната акциона група.

Штандот е поставен на локација покрај автопатот Скопје – Гевгелија и ќе функцуонира во летниот период кога  има голема фреквенција на странски туристи.

– Исто така овој штанд ќе овозможи поголема видливост на Тиквешијата како регион во кој се произведуваат квалитетни автентични производи и ќе ја претстават Македонија пред странските туристи, додаде таа.

Појасни дека локалната акциска група е формирана во 2016 година преку програмата за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот од проектот на УСАИД за експанзија  на мали бизниси.  Како основачи се јавуваат  општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија неколку   здруженија и претставници од приватниот сектор.

– Целта на ова здружение е да го поддржува руралниот развој преку локални од доле нагоре иницијативи и партнерства, да ја зголемува соработката помеѓу своите членови,  да создава услови за нови работни места и секако, да го искористува постоечкиот потенцијал за примена на нови иновативни пристапи, нагласи Ќосева.

Методи Митрев, портпарол во општина Неготино, меѓу другото рече дека целта на оваа група е да ја идентификува и спроведува локалната развојна стратегија, се со цел да се поттикне развојот на нови и традиционални локални производи и нивната промоција.

Шеесет и шест годишната Лепосава Симонова од Демир Капија, која уште од дете произведува традиционални производи, исто така изрази задоволство од еден ваков проект, со кој се промовираат токму тие производи. Младите, како што нагласи, да не заборават на традицијата на овие простори, а светот, додаде, да ужива во локалните производи на Тиквешијата.


 

еМагазин

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close