Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во Росоман
Земјоделците ќе можат на побрз и поедноставен начин да поднесуваат апликации и регистрации
Министерот Трипуновски објави – Денеска ја отворивме подрачната канцеларија во Росоман, која што ќе биде достапна до земјоделците од овој регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секој ден е се поблиску до граѓаните.
Токму на ова место жителите ќе можат на побрз и поедноставен начин да поднесуваат апликации и регистрации, да се информираат за сите нови мерки и програми на Министерството.
Оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.