fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ова лето се очекуваат странци сезонци во струмичко за берба на зеленчук и овошје

Работната сила може да се движи во Македонија, Албанија и Србија, земји кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“

Фактот дека работната сила може да се движи во Македонија, Албанија и Србија, земји кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, дава надеж дека земјава ќе има бенефит и ќе се најдат сезонци за повеќе сектори, пишува faktor.mk

Во земјоделскиот сектор очекуваат дека ќе се олесни патот до наоѓање сезонски работници за берба на овошје и зеленчук. Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион раскажува дека во овој дел од државата има потреба од сезонци.

„Ни треба работна рака што ја разбира работата. Досега немаше странски сезонци во струмичко, а ова лето се очекуваат. Сезонците кои досега беа ангажирани беа локални жители“, рече Велков.

Претходните години работници од Албанија доаѓаа во Преспа за берба на јаболка.

„Веќе 10-15 години во Преспа доаѓаат берачи од Албанија. Но, и таму има сега недостиг. Нивните работници сега се во Италија, Швајцарија, Австрија, Грција. По редот на нештата и во согласност со она што е договорено со „Отворен Балкан“, би требало да има поголема берза на работна сила, затоа што се останати постари лица над 50 години кои не можат да го следат темпото на работа во европските земји. Во Македонија, Албанија, Србија имаме постара работна сила, доколку е квалификувана можеби ќе најде добра можност, а неквалификуваната ќе има проблем“, вели Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close