ОВА ВАЖИ И ЗА МАКЕДОНИЈА: Хрватска ги зголеми увозните давачки за овошјето и зеленчукот
Хрватска ги зголеми увозните давачки за овошјето и зеленчукот од повеќе држави меѓу кои е и нашата земја.
За таа цел Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од Брисел ќе побараат помош за да се дејствува на Хрватска.
Особено за увозот од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, според промените во инспекцискиот надзор, наместо 12 евра, ќе се наплаќа по 270 евра за контрола на поединечниот производ, што значи дека ако во еден камион се превезуваат повеќе видови на овошје или зеленчук, увезувачите ќе плаќаат поединечно за секое од нив. Оваа новина практично го отежнува увозот во Хрватска од земјите од Балканот кои не се дел од ЕУ.
Србија реагира дека Хрватска го крши договорот за стабилизација меѓу ЕУ и Србија.
Македонските власти иако не се огласиле, во понеделник ќе се состанат во Сараево со своите колеги за да разговараат за вонцаринските бариери за увоз на земјоделски производи што ги воведе Хрватска.
Хрватска е најзначајниот трговски партнер на БиХ, со што оваа одлука може да има сериозни последици врз Сараево.