Вести
Оваа билка гарантира профит: Лесно се одгледува, а уште полесно се продава!
Ако имате во план да почнете сопствен агро бизнис, можете да засадите рукола која лесно се одгледува и може да вирее цела година.
Таа е отпорна на ниски температури. Во последните години руколата е барана за подготовка на салати.
Руколата е едногодишна култура која има горчлив вкус.
Содржи витамин Ц, минерали и растителни влакна и е лековита билка.
Руколата добро поднесува суша и минусни температури.
Таа не бара многу агротехнички мерки, а за еден хектар се потребни два килограми семе.
Откако ќе поминат 40 дена од сеење, може да се бере, а на квадрат дава два килограми плод.