Оваа недела ќе бидат исплатени субвенциите за пчеларите, најавува директорот на Платежната агенција
За апликанти кои имаат пријавено повеќе од 50 пчелни семејства (дополнителни 200 денари по пчелно семејство)
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев во интервју за Агротим вели дека „во текот на неделата очекуваме да бидат реализирани налозите за исплата по мерка 2.17 за презимени пчелни семејства за апликанти кои имаат пријавено повеќе од 50 пчелни семејства (дополнителни 200 денари по пчелно семејство) ,мерка 2.13 Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети и меркатата 2.4 за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Потребно е да се напомене дека АФПЗРР до крајот на календарската 2024 година и подготвена да ги исплати сите неисплатени субвенции од 2023 година кои се со вредност повеќе од 1.000,000,000 денари или околу 16.000,000 евра и пораката до земјоделците е да АФПЗРР сериозно работи кон надминување на сите пречки кои не биле од корист на земјоделците, вели Стоилов.
Целиот текст на Агротим https://agrotim.mk/