fbpx
Без категоријаВести

ОВИЕ НАМИРНИЦИ ИМААТ МОЌЕН ANTI-AGE ЕФЕКТ

Верувале или не, покрај производите и третманите, кои ја намалуваат појавата на брчки и и даваат еластичност на кожата, голем сојузник во борбата против стареењето на кожата секако е и начинот на исхрана.

Исхраната богата со омега 3 и 6 масни киселини, витамини и минерали од овошје и зеленчук, го спречува и го намалува создавањето на брчки, а на тој начин на вашето лице му дава  младолик изглед.

За здрав и блескав изглед на кожата, важно е редовно да ја хидрирате и да пиете доволно количество течност во текот на денот.

Исхраната што влијае на младиот изглед на нашата кожа се базира на конзумирањето на влакна, овошје и зеленчук, млечни производи без маснотии и риба.

Намирниците кои и даваат посебен anti-age ефект на вашата кожа се:

  1. Шумско овошје

Овие црвени овошја, на многумина им се омилени. Изобилува со витамини Ц и А, содржат железо, калиум и фолна киселина, а на тој начин ефективно го спречува процесот на стареење.

  1. Авокадо

Оваа намирница е богата со незаситени масни киселини, калиум и железо, магнезиум, како и витамини А, Ц и Е. Витаминот Е го ублажува создавањето на порите, а на косата и кожата им го враќа изгубениот сјај.

  1. Риба

Рибата е богата со омега 3 масни киселини и цинк, кои ефикасно делуваат на нашата кожа и помагаат во борбата против воспаление и црвенило.

  1. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се богати со витамин Е и омега 3 масни киселини, па ги намалуваат и ублажуваат создавањето на брчките, особено во пределот кај очите.

  1. Храна богата со витамин Ц

Витаминот Ц е важен за производство на колаген, а исто така е антиоксиданс и ги штити клетките од слободните радикали и спречува видливи траги на стареење на кожата.


 

popara.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close