fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Овоштарите од Преспа бараат-За 100% штета од невремето по 250.000 денари по хектар

По невремето во Преспа

Деновиве во Преспа а пред некој ден и во Бистрица, невремето предизвика големи штети во овошните насади, па јаболкопроизводителите од Преспа и Битолско бараат обесштетување од државата.
Овоштарите од Преспа бараат обесштетување  од невремето и помош од државата за поставување на заштитини мрежи.
На Фејсбук страната Јаболкопроизвдители пишуваат-
Во овој период поради климатските промени се појавија огромни врнежи од град.
Работната група вечерва одржа состанок и донесе заклучок да испрати барања до Владата и Министерството за Земјоделие Шумарство и Водостопанство, за да се помогни на земјоделците да опстојат во производството со финансиски средства од буџетот.
Производителите на јаболка бараат:
1. Интервентна мерка и исплата на штета за површините со 100% штета по 250.000 денари по хектар.
2. За површините што имаат процентуално помала штета и сумата на пари да биди процентуално намалена.
3. Општината и градоначалникот да формираат комисија која ќе утврди во која К.О. колкава штета е предизвикана.
4. Земјоделците лично да поднесат барања за проценка и исплата на штета.
5. Државата да изнајде начин дали преку ИПАРД или преку националната програма за подршка во земјоделието, овоштарите да имаат финансиска подршка од 90% од инвестицијата и да постават заштитни мрежи.
Во понеделник( 14.06.2021) со почеток во 20.00 часот во големата сала на општина Ресен ќе се одржи состанок со земјоделците.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close