Органските производители да користат биоѓубрива
На органските производители им недостигаат средства за заштита на растенијата кои се дозволени во овој вид производство, ова е заклучокот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по направената анализа на терен. За таа цел, МЗШВ спроведува кампања за приближување на овие препарати до фармерите, истакна помошник-раководителот во секторот земјоделство, м-р Оливера Бичиклиски, по посетата на општина Ново Село.
„Во Македонија има такви фирми кои се занимаваат со трговија со вакви препарати, и затоа ние како Министерството за земјоделство заедно со овие компании тргнавме во кампања кај производителите за да може да ги применуваат во нивното производство. И тоа, не само органските, туку и конвенционалните производители, бидејќи, како што кажавме, овие препарати се многу ефикасни”, рече Бичиклиски.