fbpx
ВестиСоветиТоп вести

ОВОШЈЕ ИЛИ ЗЕЛЕНЧУК? ШТО Е ШТО?

domatИма плодови со кои што знаеме да погрешиме кога и да станува збор на темата овошје или зеленчук.

На пример со лупеницата и доматот. Тхнички, лубеницата е зеленчук, а доматот е овошје. Како е тоа можно?

Причина за оваа забуна доаѓа од фактот што дефинициите за овошје и зеленчук се разликуваат во ботаниката и во кулинарството. Зборувајќи од перспектива на ботаниката, овошјето е семкаста структура која се развива од оплоден цвет, додека зеленчукот настанува од другите делови на растението (корени и листови).

Долунаведените растенија, технички, се овошја:

Авокадо, грав, боранија, пченка, краставица, житарки, јаткасти овошја, маслинки, пиперки, тиква, семе од сончоглед и домати.

Наспроти нив, репката, компирот и лубеницата се зеленчуци.

Оваа поделба се разликува од онаа на која сме секојдневно навикнати. Затоа, плодови кои ботаниката ги смета за овошје (домати, тиквици, краставици), ние ги сметаме за зеленчуци.

Во дебатата за разликувањето на овошјето и зеленчукот, во неколку случаи мораше да се вклучи и законот, меѓу кои секако најпознат случај е одлуката на американскиот Врховен суд во случајот на “Nix” против “Hedden”, кога судот одлучи дека доматот мора да се оданочува како зеленчук, наместо како овошје, коешто има пониска даночна стапка.

Од кулинарска гледана точка, зеленчукот е помалку благ, посолен е и се служи како дел од главно јадење. Овошјето е поблаго и кисело и најчесто се служи како десерт или ужина. И од овошјето и од зеленчукот може да се направи освежувачки пијалак. Некои овошја се зрнести или јаткасти или во вид на семе.

Од нутритивна гледна точка овошјето и зеленчукот се слични. Во споредба со продуктите од животинско потекло, посиромашни се со калории и маснотии, но имаат голем процент на растителни влакна. Овошјето и зеленчукот содржат состојки кои се добри за здравјето како што се антиоксидантите. Полни се со витамини и минерали.


 

365.ком.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close