Вести
Ожнеана пченицата засеана на узурпирано државно земјиште
Државниот инспекторат за земјоделство во саботата во атарот на селото Долно Трогерци во Општина Карбинци со земјоделска механизација ја ожнеа пченицата на површина од 70 хектари која ја засеал земјоделец кој го узурпирал земјиштето во сопственост на државата.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на акцијата, вели дека ова е еден од примерите кој треба да служи за останатите узурпатори на државно земјоделско земјиште кои имаат засеано земјоделски култури на државни ниви, а за кои немаат соодветна документација.