fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Времето утре-Во текот на денот сончево, вечерта со дожд и снег

Времето во следните денови: Поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежите ќе преминат во снег

Времето утре: Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Времето во следните денови: Поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места, а врнежи од повремен снег ќе има и во среда. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

УХМР

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close