fbpx
Без категоријаМакедонијаТоп вести

Пачешкоски-Предлог до МЗШВ тутунарите да бидат вклучени во мерката „зелена нафта“

Раководителот на Подрачната единица, Зоран Пачешкоски вели дека тоа е еден од главните предлози што ќе го поднесе до Министерството за земјоделство.

Од Подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп го поддржуваат барањето на тутунарите да бидат вклучени во мерката „зелена нафта“ за да им се помогне. Тутунарите сега ги почнуваат подготовките за новата реколта.

Раководителот на Подрачната единица, Зоран Пачешкоски вели дека тоа е еден од главните предлози што ќе го поднесе до Министерството за земјоделство.

– Разговарам со Министерството и го упатуваме предлогот и тутунарите да бидат вклучени во мерката „зелена нафта“. Тоа е нова мерка, а сосема е во ред нивното барање. Моментално во Прилепско се околу 1 700 земјоделци, корисници на оваа мерка, а со вклучување на тутунарите, бројката ќе биде двојно поголема, објаснува Пачешкоски.

Пачешкоски апелира до сите земјоделци да ги чуваат фискалните сметки и потврдите при набавка на вештачки ѓубрива, зашто треба да ги поднесат со пријавување на субвенциите за да добијат по 2 500 денари од хектар.

– Кога ќе почнат да ги пријавуваат субвенциите, за околу еден месец, да ги достават фискалните сметки и потврдите за да бидат вклучени во системот и да добијат по 2 500 денари по хектар. Знаеме дека енорно се зголемија цените на заштитните средства и ѓубривата, вели Пачешкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close