Пад на цената на зелката, се среќава и за 25 денари за кило
Граѓаните навалија на купување зелки
Пад на цената на зелката на штипскиот пазар, се среќавата и по 25 денари за кило, граѓаните навалија со купување во последните потопли денови и се снабдуваат за зима. Но, освен зелка, добро се продаваа и мокровот, краставиците и карфиолот, а голема побарувачка имаше и на јаболката и другите сезонски производи. Граѓаните со поделени мислења, на едни цените се уште им се скапи, на други задоволители, ама и едните и другите децидни мора да се јаде.
Дека пад на цените има овој петок, согласни и земјоделците. Велат пад покрај на зелката, има и на брокулата, на морковот, на комирот. И овој петок на тезгата на чичко Раде, купувачите ги полнеа торбите.
Инаку, овој петок се продаваше и јапонското јаболко, тазе направен ајвар во тегла, жива салата, низи сушен пипер,чаеви, свежи јајца од карбинско и многу свежи производи на кој сега и е сезоната.



