fbpx
Вести

Пад на индустриското производство во ноември

pad na industriskoto proizvodstvo vo noemvri

Во првите 11 месеци од годинава индустриското производство бележи раст за 3,4 отсо, споредбено со истиот период лани, додека пак на месечно ниво, во ноември е за 4,9 отсто пониско во однос на минатата година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележи пад од 16,8 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија бележи пад од 5,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, пареа и климатизација е забележан раст од 21,6 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика.

Производството во ноември, бележи пораст кај индустриските групи и тоа во Енергија за 8,5 отсто, Капитални производи за 4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 отсто. крај/мф/дѓс

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close